Рома постави цена од 90 милиони евра за својот голман Алисон. Веста доаѓа по засилениот интерес на Ливерпул и Реал (М) за голманот на италијанскиот полуфиналист во Лигата на шампионите.
Бразилецот ќе игра на светското првенство во Русија, а тоа веројатно и дополнително ќе ја зголеми неговата цена. Затоа од Ливерпул и Реал (М) треба да побрзааат и да го комплетираат трансферот на фудбалерот до почетокот на Мундијалот.
Реал е во потрага по нов голман кој ќе го замени Кејлор Навас, кој според многумина не е голман каков што му треба на европскиот шампион. За Ливерпул ситуацијата е уште полоша, откако оваа година имаа сериозен проблем со голманската позиција.