Шпанскиот весник „АС“ денеска излезе со информација дека од свои извори дознал дека екипата на ПСЖ веќе му понудила неверојатни 45 милиони евра по сезона како плата на Кристијано Роналдо кој е на пат да си оди од Реал (М). По сите шпекулации деновиве околу неговото заминување од „Бернабеу“, ова е само уште една потврда за реализација на најавениот трансфер.
Управата и сопственикот на ПСЖ по секоја цена го сакаат Роналдо во Париз, па затоа и нема да штедат средства за да го убедат да дојде кај нив. Со оваа понуда од 45 милиони евра по сезона, Роналдо ќе стане најплатениот фудбалер на планетава, нешто што 33-годишниот Португалец го бара и како услов да остане во Реал.
Прашање е само дали како дел од трансферот на Роналдо во Париз ќе го видиме и доаѓањето на Нејмар на „Бернабеу“.