Претседателот на фудбалскиот состав Лацио, Клаудио Лотито, ја исклучи можноста екипата на Јувентус во текот на летово да го ангажира напашачот Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Шефот на „орлите“, проценува, дека „бјанконерите“ не можат да си дозволат да ги покријат финансиските параметри за купување на српскиот фудбалер.
„Нема можност Милинковиќ-Савиќ да премине во Јувентус бидејќи клубот не располага со толку финансии“ – потенцирал Лотито во интервјуто за – „Tuttosport“.
Иако има шпекулации дека за ѕвездата на Лацио се заинтересирани и луѓето од Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, спортскиот директор на италијанците, Игли Таре, негира, дека во клубот пристигнала официјална понуда за играчот.