Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, не размислува за заминување од гигантот од Милано.
Одбрандбениот играч на Интер имаше многу добра сезона во дресот на „нероазурите“, по што се појавиле гласини дека за неговите услуги се заинтересирани неколку европски гиганти. Словакот сепак изјави дека е среќен во Интер и не гледа никаква причина да го напушти тимот во текот на летото.
„Нема причина да го напушти Интер и јас не мислам дека тимот ќе ме продаде. Нашата желба е да продолжиме заедно. Не знам ништо за понудите. Среќен сум што ќе играм со Интер во Лигата на шампионите. Само за тоа размислувам во моментов”, изјави за весникот „Правда“ фудбалерот на Интер.