Шпекулациите околу евентуалното заминување на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид ги подгрева и веста дека даночните органи во Шпанија му поставиле ултиматум да плати казна од 28 милиони евра поради затајување на данок.
Португалскиот фудбалер во меѓувреме се обиде да издејствува намалување на казната на околу 14 милиони, но, судот останува на одлуката дека сумата треба да биде двојно поголема.
Доколку играчот на „кралевите“ не ја подмири казната до 15 јуни, може да се соочи со судска постапка па дури и да заврши зад решетки.