Раководството на фудбалскиот состав Калјари официјално објави дека тренерот Диего Лопез ќе ја напушти функцијата на 30 јуни кога ќе му истече договорот. Поранешниот дефанзивец на тимот успеа да обезбеди опстанок во Серија „А“, но, шефовите сакаат да направат промена.
„Лопез покажа дека екипата има сила да го задржи местото во елитата. Клубот сепак ќе му се заблагодари на Диего за соработката” , се вели во официјалното соопштение на Каљари.
Поранешниот репрезентативец на Уругвај ја помина речиси целата кариера во тимот од Сардинија а во два наврата ја имаше и тренерската улога.