Фудбалерите на Победа и во наредната сезона ќе играат во Првата лига откако денеска го совлада Борец со 2:1 во бараж натпреварот кој се играше на неутрален терен во Струмица.
Ивановиќ и Велкоски уште во првото полувреме донесоа предност за Победа од 2:0 а Кудијан во вториот дел во 56. минута само намали за Велешани.
До крајот на мечот двата тима ги загубија нервите по што судијата им покажа црвени картони на Велкоски (победа) и на стрелрцот на голот на Велешани.