Шпанскиот шампион Барселона може да добие забрана за трансфери, шпекулира весникот Мадрид „Ас“.
Каталонците може да добијат ваква казна доколку раководството на клубот и натаму продолжи да преговара со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, како што тоа го прави уште од октомври минатата година.
Барселона веќе беше казнета за ваква повреда на правилата. На овој начин, казната може да биде поголема – забрана за трансфери за четири трансфер периоди или во активен период од две години. Гризман може да биде дисквалификуван во период од четири до шест месеци.