Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, се откажа од идејата да го тужи клубот. Тој се надева дека ќе постигне договор со раководство на мирен начин.
Како што е познато, тренерот неодамна беше отпуштен, а неговото место го зазеде Карло Анчелоти, но според италиансикте закони, тој не може да ја преземе друг тим, додека не се постигне договор за раскинување на договорот кој сеуште му е важечки. Договорот на Сари, исто така, може да се прекине со плаќање на клаузулата од 8 милиони евра.
Се очекуваше тоа да го стори Челзи, но тоа не се случи и рокот на клаузулата истече, што значи дека Сари останува врзан со Наполи за уште година. Тренерот е лут на претседателот Аурелио Де Лаурентис бидејчи јавно го понижи со назначувањето на Анчелоти. Освен тоа се појавија информации дека тој не одговара на пораките на поранешните фудбалери кои се возбудени од случувањата во клубот и го бомбардираат со прашања за тоа како се чувствува.
И покрај сето ова, Сари е подготвен да бара мирно решавање на проблемот и да не влегува во судски процес. Останува да видиме дали подадената рака од Сари ќе биде прифатена од Де Лаурентис и дали ќе дојде до компромис.