Канцеларката на Германија Ангела Меркел беше во посета на германските фудбалски репрезентативци кои наскоро заминуваат за Русија , земјата домаќин на светското првенство.
За време на вечера во Италија, Меркел, која владее совршено со рускиот јазик им раскажала на играчите многу за „земјата и нејзините жители”, соопшти менаџерот на тимот, Оливер Бироф.
„На овој начин канцеларката покажа дека треба да мислиме и надвор од четирите знаменца на теренот. Посетата на Меркел беше корисна за играчите”, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Рајнхард Гриндел.
Вториот капитен на тимот Сами Кедира додаде:
„Таа ни посака успех. Вистински се радуваме кога не посетува. Таа е отворена, комуникативна, чесна и многу интересна” изјави Кедира. По вечерата со играчите, Меркел им даде време и на фановите пред хотелот каде се сместени фудбалерите.