Шпанскиот гигант Барселона стана првиот клуб во историјата кои има свои играчи во репрезентациите од сите групи на престојното светско првенство во Русија. Имено, каталонците ќе имаат 13 свои преставници на Мундијалот, најмалку по еден во секоја од групите.
група “А”: Луис Суарез (Уругвај)
група “В” – Жерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба (Шпанија)
група “Ц” – Семјуел Умтити и Усман Дембеле (Франција)
група “Д” – Лионел Меси (Аргентина) Иван Ракитиќ (Хрватска)
група “Е” – Филипе Кутињо и Паулињо (Бразил)
група “Ф” – Марк-Андре Тер Штеген (Германија)
група “Г” – Томас Вермаелен (Белгија)
група “Х” – Јери Мина (Колумбија)