Бразилскиот фудбалер Фред е нов член на Манчестер Јунајтед, стои на фицијална страна на англискиот гигант.
Со тоа се потврдени сите шпекулации дека „црвените ѓаволи“ имале успешни преговори со украинскиот состав Шахтјор и дека го обезбедиле одличниот интернационалец од земјата на „кариоките“. Според непотврдени информации, Манчестер Јунајтед на сметката на Украинците ќе уплати 59 милиони евра а во игра се и уште седум како дополнителни бонуси.
Фред кој утре ќе ги реализира лекарските прегледи, ќе заработува по 6 милиони евра годишно.