Фудбалскиот тим на Астон Вила го отпушти извршниот директор Кит Винс. Иако раководството на составот од Бирмингем не ја објави причината за таквиот потег, Би-Би-Си објави, дека Винс си заминува поради проблемот со неплатен данок кој може да доведе до драстични мерки и санкции кон клубот.
Сопственикот и претседателот на клубот, Тони Сиа, времено ќе ја преземе таа улога додека не се донесе нова одлука.
Винс, кој претходно беше извршен директор на Евертон и Абердин, беше назначен во Астон Вила во 2016 година кога екипата испадна од Премиер Лигата.