Носителот на бронзен медал од ЛОИ во Сиднеј 2000, Могамед Ибрагимов, денеска донираше 8 душеци за македонските боречки клубови. Следејќи ја состојбата во македонските боречки клубови, популарниот Моги се реши да издвои дел од своите средства кои ги добива како носител на државна пензија за да донира опрема за македонските боречки клубови.
На манифестацијата учествуваа дел од легендите на македонското борење, преставници на највисоките македонски државни институции и спортисти.
„Изминатиот период поминав низ многу клубови во Македонија и забележав дека условите кои ги имаат се ужасни. Затоа и се решив на оваа донација. Да помогнеме малку за да се врати борењето каде што беше кога бев јас. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други федерации, спортисти и компании“, порача Ибрагимов.