Германскиот гигант Баерн Минхен можеби ќе го продаде најдобриот стрелец во тимот Роберт Левандоски.
Самиот фудбалер изјавил дека има желба да замине од клубот, но за најмалку 200 милиони евра, објавија германските медиуми. Раководството на Баварците разговарале со израелскиот агент Пини Захави кој го застапува Левандовски и го информирале за нивната одлука.
Роберт Левандовски веќе долго време е поврзуван со Реал Мадрид, а ПСЖ и Челзи исто така се заинтересирани за ангажманот на овој фудбалер.