Реал (М) доби уште една силна шлаканица, откако и Антонио Конте ја одбил нивната понуда да стане наследник на Зидан на тренерското место. Според „Скај Италија“ Конте воопшто не е заинтересиран за понудата на Реал.
Раководството на Реал веќе има контакт со агентите на Италијанецот, но тој доста изненадувачки објавил дека планира да си го исполни договорот со “сините” и на нема намера и желба да го напушти “Стемфорд Бриџ”.
Познато е дека “кралевите” бараат нов тренер, откако Зинедин Зидан изненадувачки си поднесе оставка, но засега нема вистински кандидат кој би наследил.