Од Косово утринава стигна тажна вест за смртта на првиот човек на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри.
Вокри беше прв човек на Фудбалската федерација на оваа земја, а повозрасните љубителите на фудбалот во нашата земја го паметат по настапите во поранешна Југославија. Вокри почина на 57 години, како последица на срцев удар. Тој бил во вежбалница и му се слошило, по што веднаш била повикана брза помош, но лекарите не можеле да помогнат и констатирале смрт.
Вокри беше роден во 1960 година, а во фудбалот беше од свои 16 години. За репрезентацијата на Југославија тој запиша 12 настапи и даде шест гола. Веста беше објавена од страна на медиумите веднаш откако било потврдено од блиски до семејството Вокри.