Бразил ќе игра со најдобриот состав во својата последна контрола пред Светското првенство во Руусија.
Бразилската репрезентација ќе настапи со триото Нејмар, Кутињо и Жесус на контролниот натпревар против Австрија кој ќе се игра денес од 16 часот. Нејмар неодамна се врати во тимот по санирањето на повредата и се очекува да биде стартер за прв пат 25-ти февруари.
26-годишниот напаѓач се врати на теренот минатата недела и постигна гол за победа над Хрватска, но го направи тоа откако влезе во игра од клупата зе резерви.