Напаѓачот на Лестер и репрезентацијата на Англија, Џејми Варди, го обвини поранешниот селектор Рој Хоџсон за неуспехот на Евро 2016.
Англија на тоа ЕП загуби сензационално од Исланд во 1/8 финалето на шампионатот.
„Тој пораз од Исланд на ЕП беше само дното”, се сеќава Варди, ви интервју за британските медиуми.
„Мислам дека не бевме подготвени за тој натпревар. Кога Исланд поведе, тоа беше вистински шок за нас и едноставно немавме поим што да правиме на теренот. Ние дури и не разгледувавме сценарио во кое Исланд ќе има водство, а тренерскиот персонал тогаш направи многу пропусти во подготовката на тој натпревар“ изјавил Варди.
Со тоа играчот го посочи директно виновникот за неуспехот на Англија на тоа ЕП, а сега Вардри и колегите од селекцијата имаат шанса за поправен на ова СП во Русија.