Манчестер Јунајтед нема да го привлече одбранбениот играч на Јувентус Алекс Сандро, објави весникот „Мирор”, повикувајќи се на извор од клубот.
„Црвените ѓаволи” засега нема да земаат друг играч на позицијата лев краен дефанзивец, но при соодветна можност на разумна цена имаат тенденција да остварат трансфер. Засега менаџерот Жозе Мурињо смета дека може да се справи со Ешли Јанг и Лук Шоу, кои може да ја покријат таа позицијата.
Во моментов доста приоритетно за Мурињо е засилување на централниот дел од одбраната. Португалецот дури дал листа од осум имиња, од кои би можело да биде привлечен барем еден на „Олд Трафорд”.