Рускиот репрезентативец Александар Головин може да оствари сензационален трансфер во Јувентус во деновите пред почетокот на СП во Русија.
„Бјанконерите” се подготвени со понуда во вредност од 18 милиони евра, а ЦСКА (Москва) сака за нивниот најдобар фудбалер 25 милиони евра. Од ЦСКА Москва изјавиле дека ќе го продадат Головин ако добијат понуда од некој европски гигант. Од двата клуба се очекува да ги приближат своите позиции низ преговорите кои се во тек.
Головин имаше многу добра сезона, стана лидер на ЦСКА во средината на теренот. Тој постигна 5 гола во Премиер лигата на Русија, но беше особено импресивен од неговите настапи во Лигата на Европа.
Арсенал, Челзи, Монако и Борусија (Дортмунд), исто така пројавуваат интерес кон 22-годишниот фудбалер. Од Јуве сакаат да го купат што е можно поскоро, бидејќи се свесни дека по Светското првенство цената може значително да се зголеми.
Темата за евентуалното привлекување на Русинот е водечка во денешниот број на торинскиот весник „Тутоспорт“.