Јувентус е многу близу до ангажман на играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле. Белгиецот сигурно ќе го напушти Лондон во текот на летото, па сега бара нов ангажман.
Тотенхем не се одлучи да му понуди нов договор и јасно стави до знаење дека ќе се откаже од неговите услуги. Досега Интер важеше за прв фавори за неговиот потпис, но сега Јувентус е тимот кој ја презема иницијативата.
Италијанскиот првак е подготвен да плати 30 милиони евра за Дембеле, кој треба да биде уште едно големо засилување на средината, откако во тимот веќе го доведоа и Емре Џан од Ливерпул.