Фиорентина ја одби понудата на Интер за Федерико Киеза вредна 60 милиони евра. “Нераѕурите” имаат желба да го донесат младиот фудбалер во својот тим ова лето, бидејќи лично тренерот Лучијано Спалети инсистира на овој трансфер.
Интер понудил 45 милиони евра плус фудбалер кој се проценува на 15 милиони евра, но „виолетовите“ уште на старт ја одбиле понудата.