Часови не делат до почетокот на Светското првенство во Русија, а таму веќе нацијата ја зафати фудбалска треска. Мерките за безбедност се без преседан, а на руска земја веќе пристигнуваат и светските лидери.
12 стадиони во 11 градови ќе бидат домаќин на вкупно 64 натпревари на најочекуваниот настан во годината. Некои од арените се реновирани, а некои се специјално изградени за првенството.
Се очекува фудбалските натпревари ќе бидат следени од 3 милијарди луѓе и повеќе од половина милион навивачи да ја посетат Русија. Поради големиот интерес, безбедносните мерки се на највисоко ниво. Илјадници полицајци и војници се наоѓаат во градовите домаќини. Илјадници камери ги следат наредбите за спречување на хулиганските дела и обиди за напади.
Воздушниот сообраќај над градовите е исто така ограничен.