Европскиот шампион Реал Мадрид се согласи да го привлече бразилскиот голман Алисон од Рома за 75 милиони евра, објавија шпанските медиуми.
Договорот на 25-годишниот Бразилец со европскиот шампион ќе трае шест сезони до летото 2024 година.
Голманот Алисон во моментов е со својата репрезентација Бразил на СП во Русија , а може да се случи да го има и своето деби на Светските првенства веќе на мечот против Швајцарија кој во недела од 20:00 часот го играат фудбалерите на Бразил.