Напаѓачот на Милан Никола Калиниќ, е многу близу до трансфер во Севиља. По пристигнувањето од тимот на Фиорентина, напаѓачот разочара со својот настап и многу нереализирани шанси пред противничкиот гол.
Интерес за Калиниќ покажува тимот на Севиља, кој е подготвен да го привлече напаѓачот за позајмица. Договорот ќе содржи клаузула за откуп од 20 милиони евра.
Толку пари беа платени на Фиорентина од Милан пред една година за потписот на хрватскиот репрезентативец. Во последната сезона Калиниќ постигна само 6 голови во 41 натпревар.