Селекторот на Египет, Ектор Купер, по поразот од Уругвај (0:1) денеска, истакна дека ова не е никаква трагедија и очекува „фараоните“ да бидат многу подобри на следните два меча во групата.
„Тое што е, и ќе се бориме. Има време за се. Можевме и денеска да направиме подобар резултат, но иако дадовме 100% од нашите можности, не успеавме. Тоа е тимот со кој располагавме. Постите не се оправдување, бидејќи египетските играчи се навикнати на таков режим, ова не е изговор. Не мислам дека Рамазан влијае на нашата игра“, изјавил Купер.