И оваа година, Македонија останува без трофејот од Сребрената европска лига. Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Скопје, нашите одбојкари во драматичен меч загубија од Хрватска со 3-2 во сетови (21-25, 22-25, 25-21, 25-20,15-10 ).
Иако ги добивме првите два сета и се чинеше дека ќе обезбедиме уште едно финале, дозволивме Хрватска да се врати во ритам и да ги добие следните два сета за израмнување. Во петтиот решавачки сет Хрватите беа покоцентрирани и го решија мечот во своја полза.
Мечот за третото место ќе се игра утре со почеток во 16 часот, додека финалниот двобој ќе започне од 19 часот во СРЦ „Кале“.