Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ не сакаше да ја презема улогата на фаворит на денешниот дуел со Нигерија во рамките на 1. коло на СП во Русија.
„Ние ги знаеме силните страни на Нигерија. Во моментов тие се најдобар африкански тим, имаат многу брзи фудбалери. Во овој натпревар нема фаворит. Шансите се 50 – 50, иако некои велат дека ние сме фаворити. Ние не обрнуваме внимание на тоа“, рече Модриќ.