Фудбалерот на Аргентина, Хавиер Маскерано беше разочаран од денешното реми против тимот на Исланд.
Аргентина одигра 1:1 со дебитант на Светското првенство, пропуштија шанса да освојат важни бодови во битката за првото место во групата Д.
„Сметам дека пропуштивме премногу шанси. Не мислам дека стоевме добро на теренот. Противникот многу ни отежна и дефинитивно не почнуваме добро на ова СП. Сепак остануваат уште два натпревари и сметам дека нерешениот резултат не е толку многу фатален. Треба да ја задржиме смиреност и да покажеме навистина што можеме. Се надевам дека ќе постигнеме повеќе голови во следните дуели”, коментираше Маскерано.