Поранешниот дефанзивец на Шахтјор Донецк Дарио Сарна ќе ја продолжи својата кариера во Италија.
36-годишниот Хрватски интернационалец се согласи на договор со тимот на Каљари, пренесоа медиумите во Италија. Следната недела, Срна ќе помине низ лекарски прегледи и ќе потпише со Каљари. Срна во моментов не може да игра поради дисквалификација поради допинг.
Казната на Дарио Срна истекува на 23-ти август по што ќе може да настапува за својата нова екипа.