Официјални лица на ФИФА објавија дека победничкиот гол за Франција во натпреварот против Австралија, кој заврши со победа на Франција од 2:1, беше автогол на играчот на селекцијата на Австралија Азиз Бехиќ.
Овој гол беше постигнат во 81-вата минута и имаше збунетост кај органзиаторот чие име да биде впишано како стрелец на голот, дали Бехиќ постигна автогол во сопствената мрежа или целта ја погоди Пог Погба.
Во официјалните информации по завршувањето на средбата од групата „Ц“ беше забележано дека Погба бил автор на голот, но по разгледувањето на видео снимката ситуацијата од страна на ФИФА е сменета и голот, односно автоголот му е запишан на Азиз Бахиќ, што значи дека Погба официјално останува без гол од овој натпревар.