Репрезентацијата на Србија го започна СП во Русија со победа и со освоени три бода од натпреварот со Костарика и тоа по тешка борба со 1:0 (0:0).
Селекцијата на Србија со постигнатиот гол на оваа средба го продолжи трендот да има барем еден постигнат гол на средбите од почетокот на ова СП во Русија. Едноставно досега нема натпревар , а да не видиме барем еден гол. Србите доминираа на оваа средба, имаа неколку шанси за гол , но сепак на голот на Костарика е Кејлор Навас кој беше најдобар играч на својата репрезентација и не дозволи да биде совладан во неколку обиди на Александар Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ.
Единствениот гол беше дело на Александар Коларов кој потврди дека е одличен шутер и изведувач на слободни удари во 56.минута кога шутираше прцизно и го совлада голманот Навас за водство и победа на Србија против Костарика од 1:0.
До крајот на натпреварор Костарика се обиде, но неуспеа да го загрози вистински голот на голманот на Србија, Владимир Стојковиќ.
Во следното коло, Србија ќе игра против Швајцарија, додека Костарика ќе има тешка задача против фаворитот Бразил. Овие средби ќе бидат одиграни на 22 јуни.