По ремито со селекцијата на Исланд, селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, е принуден да направи ротација во првиот тим за мечот со Хрватска кој следува во четврток.
Аргентинските медиуми тврдат дека од почетната постава ќе отпаднат Лукас Билја, Анхел Ди Марија и Едуардо Салвио, додека на нивно место се очекува настап на Џовани ло Келсо, Бариел Мерсадо и Кристијан Павон.
Засега нема информација дали Сампаоли сепак ќе се одлучи и за некоја ротација во нападот со евентуално уфрлување на Дибала и Игуаин.