Со 71 спортист, Македонија ќе се појави на 18. издание на Медитеранските Игри кои ќе се одржат во Тарагона, Шпанија, во периодот од 20 јуни до 1 јули 2018 година.
Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Националните спортски федерации обезбедија учество на македонски спортисти во 15 спортови.
Македонската олимписка селекција тргнува за Тарагона на 20 јуни 2018 година, а во Тарагона, ќе настапуваме според следниот распоред на натпревари:
Карате од 23 јуни до 24 јуни
Ракомет (машка репрезентција ) од 23 јуни до 01 јули
Ракомет (женска репрезентација) од 23 јуни – 30 јули
Одбојка (машка репрезентација) од 22 јуни до 01 јули
Таеквондо од 28 јуни – 30 јуни
Џудо од 27 јуни до 29 јуни
Борење од 25 јуни до 27 јуни
Спортско стрелаштво од 23 јуни до 24 јуни
Стреличарство од 22 јуни – 24 јуни
Коњички спортови 27 јуни – 29 јуни
Атлетика од 27 јуни – 30 јуни
Тенис од 26 јуни – 30 јуни
Пинг понг од 26 јуни до 30 јуни
Баскет 3х3 од 27 јуни до 29 јуни
Бокс од 25 јуни – 30 јуни
Веслање од 28 јуни до 30 јуни