Еден од феномените на СП во Русија е и присуството на навивачите на Исланд во Русија. Исланѓаните според информациите од Русија се присутни на СП со околу 30.000 навивачи.
Секако дека по одличниот меч со Аргентина и нерешените 1:1, сега се зголемува и присуството на нивните навивачи во Русија. Натпреварот во Москва го следеле повеќе од 30.000 навивачи кои допатувале од Исланд, а според попис во оваа островска земја живеат околу 350.000 жители, тоа значи дека практично 10% од жителите на овој остров заминале во Русија да ги бодрат своите миленици.
Се поставува прашање уште колку навивачи на Исланд ќе допатуваат во Русија доколку нивните фудбалери постигнат добри резултати и на следните натпревари со Нигерија и Хрватска.