Легендарната музичка ѕвезда Пол Макартни се заблагодари на националниот фудбалски тим на Англија кој го совлада Тунис со 2:1 во натпревар од групната фаза од Светското првенство.
Дуелот во Волгоград се играше вчера на 18 јуни и се совпадна со 76-от роденден на музичката легенда.
„Благодарам, Англија, за роденденскиот подарок, многу ми се допадна”, напиша Макартни на Инстаграм.