Русија обезбеди осминафинале на СП откако вечерва ја реализираше и втората победа на Мундијалот. Русите како домаќини ја совладаа селекцијата на Египет со 3-1.
Возбудувањата започнаа на стартот од вториот дел кога Ахмед Фати си постигна несреќен автогол и ја поведе Русија кон победата. Во продолжение Русите заиграа полетно и набрзина постигнаа уште два гола. Најпрво
Денис Черишев зголеми на 2-0, а потоа Артем Ѕјуба стави точка на одличното издание со прекрасен гол за 3-0.
Единствениот гол за Египет го постигна Мохамед Салах од пенал.