Арсенал синоќа и официјално го потврди ангажманот на првиот голман на Баер Леверкузен, Бернд Лено. Веста ја потврдија од клубот, по што Лено ќе стане второто големо засилување за Арсенал во ерата на Унаи Емери.
По седум години во редовите на „фармацевтите“, 26-годишниот голман реши да си замине од Бундеслигата во потрага по нов предизвик. Ако се знае дека наскоро „топчиите“ треба да го финализираат и трансферот на Лукас Тореира од Сампдорија, лондончани полека оформуваат нов, силен тим за следната премиерлигашка сезона.