Хрватскиот играч од средниот ред, Иван Ракитиќ, за утрешниот меч со Аргентина вели дека ќе биде посебно испириран за игра против неговиот пријател од Барселона, Меси.
„Хрватска дојде на Светското првенство, за да се постигне големи работи. Аргентина е еден од најсилните тимови и ние треба да играме многу силно против нив. Му посакувам се најдобро на мојот пријател Лео Меси, но по натпреварот. Против Аргентина мора да играме 100% и целосно да се посветиме ако сакаме да победиме и да постигнеме добар резултат“, вели Ракитиќ.