Денеска напладне во Нион, македонските фудбалски учесници во Лигата на Европа ги очекуваат своите ривали на стартот на новата сезона. Вардар и Работнички кои имаат долг стаж во европските натпреварувања се во групата на носители за првото квалификациско коло, па очекуваат и полесни ривали, за разлика од Шкупи кој ќе има еден од посилните состави како ривал во оваа прва рунда.
Вардар за ривал во 1. коло ќе очекува некого од екипите на Пјуник (Ерм), Зариа Балти (Мол), Колерејн (С. Ирс), Дери С. (Ирс) или поразениот од пресметката меѓу Б36 (Ф. Ост) и Ст. Џозеф (Гиб). За Работнички можни ривали се: Милсами (Мол), Рудар П. (Цгр), Рига (Лет), Б. Хонвед (Унг) и Балзан (Мал).
Шкупи ќе има најтешка задача во 1. коло. Можни противници на чаирчани се: Домжале (Сло), Габала (Азе), Г. Ренџерс (Шко), Динамо Т. (Гру), Аполон Л. (Кип).