Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, денеска на мечот со С. Арабија ќе го одигра јубилејниот 100-ти меч во дресот на Уругвај. Суарез не успеа да постигне гол на премиерата со Египет, но се надева дека денеска на јубилејниот меч ќе успее да се запише и во листата на стрелците.
Интересно е што дури 7 од фудбалерите кои денеска треба да бидат стартери во составот на Уругвај се постари од 31 година, што ја прави оваа репрезентација една од оние со највозрасните први постави низ историјата на Мундијалите.