Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека Антоан Гризман ќе игра против Перу во вториот натпревар од групата „Ц“ на Светското првенство 2018 денес во Екатеринбург.
Напаѓачот го напушти вчерашниот тренинг поради повреда на зглобот. „Гризман е добар, има отечен зглоб, но тој повторно тренира”, изјави Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот.
Франција почна со победа над Австралија 2:1, но капитенот Хуго Лорис ги предупреди своите соиграчи дека мора да играат подобро против Перу. „Ако не ја подобриме нашата игра, тогаш ќе имаме проблеми”, рече Лорис, кој ќе го одигра својот 100 натпревар за Франција.
„Тоа ме прави многу горд, но е од второстепено значење, бидејќи ние играме на светско првенство. Најважно е да победиме”, додаде голманот на Франција.