Аргентинскиот дефанзивец Рамирес Фунес Мори се пресели од Евертон во шпански Виљареал. Веста беше потврдена од шпанскиот клуб.
27-годишниот Фунес Мори потпишал договор на четири години.
Мори е дете на Ривер Плата. Во 2015 година се пресели од аргентинскиот шампионат во англиската Премиер лига, но минатата сезона одигра само 4 натпревари во Премиер Лигата, поради повреда на коленото.