Дебитантот на светските првенства, Исланд има одлична шанса да се пласира и во втората фаза на Мундијалот, но за тоа ќе мора вечерва да ја совлада Хрватска. Како втор услов за нивно место во следната фаза ќе мора да се молат Нигерија да не ја победи Аргентина. Доколку тој меч меѓу Африканците и „гаучосите“ заврши нерешено, тогаш ќе решава гол-разликата.
Хрватите имаат вкупно 6 бода и веќе и теоретски се во следната рунда. Тимот на Златко Далиќ веројатно ќе има неколку промени во првиот тим, што ќе биде дополнителна шанса за „рибарите“.