Италијанскиот шампион Јувентус, и натаму притиска за купување на рускиот репрезентативец Александар Головин.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, клубот од Торино направил уште една понуда до московска ЦСКА која е во износ од 19 милони евра. Исто така, Јувентус им предоложил на Русите и дополнителни 10% од средствата кои „Старата Дама“ би ги добила од следниот трансфер на младиот напаѓач.
Според руски извори, ЦСКА и натаму не сака да се согласи да го продаде Головин за сума помала од 25 милиони евра. Прашање е дали Јувентус е сепак подготвен да ја крене понудата за најмалку уште 5 милиони.