Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез може да го продаде Марко Арсенсио, а потоа со тие пари да го финансира евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид .
Според шпанските медиуми претседателот на Реал Мадрид не се откажал од можноста да го привлече Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу” уште ова лето, иако од Пари Сен Жермен се категорични дека Нејмар ќе остане во клубот.
Во последните денови медиумите во Мадрид тврдат дека Ливерпул има сериозен интерес кон Асенсио, а според истите извори Ливерпул е подготвен да платат нетипични за нив 200 милиони евра за Шпанецот. Оваа сума ќе биде доста помала од онаа што треба да се плати за Нејмар, за кого се претпоставува дека Реал ќе плати околу 300 милиони евра.
Самиот Асенсио вчера беше запрашан директно за интересот на Ливерпул, но неговиот одговор беше дека ќе зборува на оваа тема по Светското првенство.