Фудбалерите на Англија и на Белгија денеска од 20.00 часот на стадионот во Калинград ќе имаат директна пресметка за првото место во групата – „Г“ на Светското во Русија.
Двете селекции досега забележаа максимален ефект а островјаните имаат поодобра гол разлика благодарение на убедливата победа против Панама. Гледано во ростерот, селекторот на Белгија, Мартинез, има проблем со Ромелу Лукаку, кој е во најтесниот круг да биде најдобар стрелец на Мундијалот.
Лукаку со 4 погодоци е на делба на второто место на листата на стрелците на Мундијалот заедно со Кристијано Роналдо. Првата позиција е резервирана за напаѓачот на Англија Хари кејн, кој има 5 погодоци.