Судии од Мексико и од Иран ќе ја делат правдата на првите два осминафинални дуели од Светското првенство, соопштија од ФИФА. Мексиканецот Сесар Рамос ќе раководи на средбата меѓу Уругвај и Португалија во Сочи, а битката меѓу Франција и Аргентина во Казан му е доверена на Иранецот Алиреза Фагани.
И двата натпревари се во саботата и со нив се отвора програмата во осминафиналето. Рамос веќе ги судеше натпреварите меѓу Бразил – Швајцарија и Колумбија – Полска, додека Фагани беше главен судија на натпреварот Германија – Мексико.