Двајца играчи на Англија не беа дел од денешниот тренинг на репрезентацијат која с еподготвува за настап во 1/8 финалето.
Од групата недостигаа полудефанзивецот Рубен Лофтус-Чијк кој тренирал индивидуално поради повреда, како и фудбалерот од средниот ред Фабијан Делф, кој доби дозвола да се врати дома поради раѓањето на третото дете. Лофтус-Чијк работи во сала, но повредата не му е тешка и тој ќе биде во комбинација за решавачкиот меч против Колумбија. Средбата е во вторникот во Москва.
Еден од главните играчи на Англичаните – Деле Али, кој ги пропушти последните два натпревари на тимот поради повреда во колкот, ги обнови тренинзите и се очекува да започне како стартер против Колумбија.